Македонската репрезентација во традиционално карате оствари големи резултати на ЕТКФ Европскиот шампионат во традиционално карате освојуваќи 19 златни, 18 сребрени и 50 бронзени медали. ЕШ се одржа на 20 и 21 април во СЦ Јане Сандански во Скопје.
Првиот ден според програмата се одржаа натпреварите за деца од 6 до 13 години во повеќе дисциплини поединечно и екипно. Најуспешни наши натпреварувачи беа: Камелија Недев, Матеј Мангаровски, Филип Недев, Срна Вапски, Ива Спасеновска, Андреј Мишиќ, Дамјан Трајковски, Георги Кокорманов, Војдан Паламидовски, Милан Трајковски, Мурат Ефе Арас, Драган Стојановски, Давид Китановски и други кои освоија вкупно: 16 златни, 15 сребрени и 47 бронзени медали.
Вториот ден на 21 април настапија кадетите, јуниорите и сениорите кои освоија вкупно: 3 златни, 3 сребрени и 3 бронзени медали. Најуспешни беа: Берта и Јана Милевски, Дамјан Донев, Бојан Богдановиќ и Ива Ромевска.
ЕШ го отвори Даниел Димевски претседател на МОК а свое обраќање имаше и Јапонскиот амбасадор во РСМ г-дин. Казуја Отсука. Д-р Дејан Недев како претседателот на ЕТКФ и МТКФ (Европската и Македонската федерација) им додели златни плакети за развој на традиционалното карате во Македонија и Европа на проф. д-р Аце Миленковски, Даниел Димевски, Казуја Отсука, Венцислав Недев, Моше Роках- Израел, Фрањо Хорн-Словенија, Мелек Кошар-Турција, Микеле Романо-Италија, Гудрис Дарвеничиус- Литванија, Павел Томашек- Полска, Петар Скрија-Чешка и Марко Томиќ-Србија.
На ЕТКФ ЕШ во Скопје учествуваа вкупно 358 натпреварувачи од 15 држави