Макс Верстапен е старо-новиот светски шампион во Формула 1 откако направи разлика пред конкурентите која е недостижна и со тоа ја освои својата трета шампионска титула.
Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри беше најбрз на спринтот во Катар, но неговата победа падна во сенка на Макс Верстапен од Ред Бул кој ја освои третата титула по ред во Формула 1.
Верстапен ја обезбеди титулата, откако неговиот колега Серхио Перез излета од патеката во 11. круг по судирот со Естебан Окон, со што Холанѓанецот создаде недостижна предност во генералниот пласман.
На спринтот во Катар најбрз беше Пјастри, по што следеше Верстапен, а во топ-3 заврши Ландо Норис од Мекларен.
Зад нив беа двајцата возачи на Мерцедес, Џорџ Расел и Луис Хамилтон, по што следат возачите на Ферари, Карлос Саинц и Шарл Леклер.