Аргентинскиот клуб Њувелс Олд Бојс на својата официјална веб-страница го објави враќањето на играчот од средниот ред, Макси Родригез .
Деталите за условите на договорот со 37-годишниот фудбалер, аргентинскиот клуб не ги објави. Макси Родригез потекнува токму од овој клуб за кој играше уште во младинските денови.
Во ЕВропа ќе остане запаметен по настапите за Еспањол, Атлетико Мадрид и Ливерпул.
Последниот клуб на играчот од средниот ред беше уругвајски Пењарол, за кој играше во последната сезона.