Селекторот на кошаркарите на Литванија, Казис Максвитис, се осврна на големата победа против САД во рамките на групната фаза на Мундијалот.
„Литванија е земја на кошарката и на одлични шутери. Имавме добар процент а кога тоа оди добро, нормално го искористивме како наше оружје“ – изјави Максвитис.
Неговата селекција во првата елиминациска фаза ќе излезе на мегдан со Србија. Доколку успее да ја победи, тогаш ќе го чека победникот од мечот меѓу Канада и Словенија.