43-годишниот селектор на украинската репрезентација, Андриј Шевченко, е еден од можните кандидати за тренерската позиција во Милан, тврди италијанскиот „Калчомеркато“.
Според оваа информација, техничкиот директор на Милан Паоло Малдини, покрај германскиот тренер од РБ Лајпциг, Ралф Рангник , ја гледа можноста моменталниот селектор на украинскиот национален тим на крајот од оваа сезона да седне на клупата на Милан.
Доколку италијанскиот клуб не се квалификува во Лигата на шампиони или не го освои Купот на Италија може да остане без настап во Европа, а то азначи дека Милан ќе може да ја искористи клаузулата во договорот на сегашниот тренер на клубот, Стефано Пиоли, според која може да биде отпуштен без никаков надомест. Шевченко играше за Милан од 1999 до 2006 година, како и во сезоната 2008/2009.
Тој ја предводи репрезентацијата на Украина од 2016 година. Под негово водство, успеаа да се пласираат на Европското првенство 2020 година. Милан, во моментов има 32 бода од 23 кола, го зазема 10-то место во италијанскиот шампионат.