Белгискиот фудбалски интернационалец во редовите на Реал Мадрид, Еден Азар, само што се врати на теренот откако се излекува од повредата, повторно ќе мора да оди на подолга рехабилитација.
„Кралевите“ вчера останаа без бодови на теренот на Леванте а го загубија и играчот од средниот ред кој доби силен удар во десниот скочен зглоб или кој претходно му беше опериран. Дека неговата повреда е сериозна потврди и тренерот на „белите“, Зинедин Зидан.
Реал Мадрид во наредниот период го очекуваат големи предзивици меѓу кои се дуелите со Манчестер Сити во Лигата на шампионите и дербито со Барселона во Примера Дивизион.