Манчестер Јунајтед ќе се обиде да направи изненадувачки бомбастични трансфери со привлекувањето на Пауло Дибала и Антоан Гризман.
Францускиот напаѓач го одигра последниот натпревар за Атлетико Мадрид и потврди дека го напушта „Ванда Митрополитано” ова лето, а клаузулата за негово заминување ќе биде 104 милиони евра.
Се очекува Гризман да премине во Барселона, но медиумите во Шпанија тврдат дека некои од ѕвездите на каталонскиот клуб се против неговото доаѓање и веќе одржале средба со раководството на клубот на оваа тема.
Во меѓувреме, Манчестер Јунајтед продолжува да биде поврзуван со напаѓачот на Јувентус Пауло Дибала. Братот и агент на играчот минатата недела потврди дека ќе го напушти Торино ова лето. Дибала се проценува на околу 95 милиони евра.