Манчестер Јунајтед неколку недели е концентриран на потрагата по нов голман. Де Хеа од почетокот на сезоната е мета на гласини дека ја игра последната сеозна на „Олд Трафорд“. Шпанскиот голман би можел многу брзо да ги спакува куферите и да си замине, па затоа управата на Манчестер Ј. е во потрага по негов наследник.
Во оваа ситуација црвените ѓаволи решија да се концентрираат на словенечкиот голман од екипата на Атлетико (М), Јан Облак. Покрај него, интерес има и за Влаходимос од Бенфика, но засега се прават првите контакти со менаџерскиот тим на Облак.