Манчестер Јунајтед ќе ги анкетира поддржувачите за иднината на клупскиот стадион „Олд Трафорд“ и неговото реновирање, објавија во средата британските медиуми.
Раководството на „црвените ѓаволи“ разгледува различни опции за реконструкција на сегашниот објект по цена од околу 1 милијарда фунти или за изградба на целосно нов стадион на соседна парцела во сопственост на клубот по цена од околу 2 милијарди фунти.
Косопственикот на Манчестер Јунајтед, Џим Ретклиф, се залага за изградба на нов дом за клубот, а работната група формирана во февруари се фокусираше на дискусиите за изградба на стадион со капацитет од 100.000 луѓе.
Работната група вклучува претставници на Манчестер Јунајтед, поранешниот дефанзивец Гери Невил и градоначалникот на Манчестер, Енди Барнам. Конечните препораки се очекува да бидат претставени до крајот на годината.