Манчестер Сити се надева дека ќе ја победи Барселона во трката за потпишување на договор со ѕвездата на Атлетико (Мадрид), Антоан Гризман, вели „Каталуња Спорт“.
Од Атлетико Мадрид веќе најавија официјално дека ќе се разделат со францускиот репрезентативец, тоа значи дека екипата во пракса ќе ја почитува неговата желба да биде продаден при добра понуда во текот на летото. Досега се сметаше дека каталонците се фаворит, но сепак се чини дека фановите на тимот не го одобруваат многу овој трансфер.
Пеп Гвардиола ќе се обиде да го убеди овој голгетер дека стадионот „Етихад” е вистинското место за него. Напаѓачот има клаузула за ослободување од 200 милиони евра, но од 1-ви јули ќе падне на 120 милиони евра. Цената е во рамките на можностите на шпанскиот шампион, но секако и на шампионот на Англија. Се очекува дека во рок од неколку недели ќе биде јасно кој ќе ја добие битката за Гризман.