Откако УЕФА се определи да го одложи Европското фудбалско првенство за наредната година, селекторот на Италија, Роберто Манчини, вели дека тоа му одговара.
„Сите сме разочарани бидејќи нема да се реализира ЕП, но, тоа би можела да биде наша мала предност. Ние сме млад тим и добро ќе ни дојде една година плус за да стекнеме искуство“ – потенцира Манчини.
„Мислам дека ќе бидеме меѓу фаворитите за освојување на пехарот. Нема да има посебни правила за моите фудбалерите “– вели Манчини.