Можеби најмалку неизвесно беше за тоа кој ќе ја добие наградата за најдобар голман во изминатата сезона од Лигата на шампионите.
Новинарите и тренерите на сите екипи учесници во евро-куповите, околу изборот за најдобар голман во сеозната 2019/20 во Лигата на шампионите го дфадоа својот глас за жуварот на голот на актуелниот шампион на Лигата на шампионите , Баерн Минхен, Мануел Нојер. Тој беше вистински херој за својата екипа во клучните моменти кога се решаваше победникот, а тоа беше само плус а да ја добие оваа награда од УЕФА.
Во изборот на второто и третото место завршија Кејлор Навас од ПСЖ и Тибо Куртоа од Реал Мадрид. Истата награда во женска конкуренција и припадна на Сара Бауди од Лион.