Марк Маркез кој ќе го напушти тимот на Хонда во Мото ГП шампионатот и ќе се пресели во Дукати, се обиде да прокоментира околу шпекулациите за негов наследник во името на Лука Марини.
„Природно решение ќе биде Хонда да земе пилот на една година бидејќи во 2025 година ќе има голема промена на пилот-пазарот“ – објасни Маркез.
„ Во 2025 година на пазарот доаѓаат Банаја, Мартин, Акоста, Маркез. Изгледа дека Марини ќе потпише за две години“ – вели Маркез