Марк Маркез ги демантираше гласините дека догодина ќе вози за Дукати во Мото ГП без пари иако финансиските услови од неговиот 1-годишен договор со тимот остануваат тајна.
Маркез објасни дека финансиската страна на неговиот трансфер не е најважна.
„Со текот на годините имав среќа што се за мене се развиваше добро и парите сега не се приоритет. Можам да ви кажам дека следната година повторно ќе бидам меѓу најплатените возачи во MotoGP“ – вели Маркез.