Напаѓачот на Манчестер Јунајтед Маркус Рашфорд нема да игра на натпреварот од 23-то коло од англиската Премиер лига против Ливерпул, пренесува весникот „Телегргаф“.
Според овој извор, 22-годишниот напаѓач на „црвените ѓаволи“ не можел да се опорави од повредата на грбот. Постои можност играчот да отсуствува многу подолго од планираното. Маркус Рашфорд учествуваше на 22 натпревари во Премиер лигата оваа сезона. Тој успеа да постигне 14 голови, но имаше и 5 асистенции.
Натпреварот против Ливерпул екипата на Манчестер Јунајтед ќе го одигра денес на стадионот „Енфилд“. Средбата започнува во 17:30 часот, а Ливерпул има шанси да ја продолжи ппобедничката серија и да ја зголеми предноста пред Манчестер Сити кој вчера одигра нерешено на домашен терен.