Извршниот директор на фудбалскиот состав Интер, Џузепе Марота, вели дека новиот договор на Лаутаро Мартинез ќе биде реалност откако напаѓачот изјави дека сака да остане во Италија.
„Тој е достоен капитен. Можам да потврдам дека ќе биде лесно да се направи нов договор“ – потенцираше среќниот Марота.
Аргентинскиот напаѓач настапува за „нероаѕурите“ од 2018 година. Досега има 188 натпревари и 93 голови.