Првите луѓе на фудбалскиот состав РБ Лајпциг ја прекинаа соработката со тренерот, Џеси Марш, кој во изминатото лето го напушти Салцбург и дојде како замена за Џулијан Нагелсман.
Стратегот од САД имаше договор за две години, но, откако на 14 натпревари оствари само пет победи, три нерешени и шест порази, бундес-тимот се реши да му врачи отказ.
РБ Лајпциг се наоѓа на 11. позиција на табелата.