Напаѓачот на Севилја, Ентони Марсијал, ќе го пропушти натпреварот против Атлетик Билбао во последното сезонско коло во Примера Дивизион.
Французинот кој заработи повреда на мечот со Мајорка настапува како позајмен во шпанскиот состав. Тој од јануари реализираше само 12 натпревари на кои постигна 1 гол и направи 1 асистенција.
Затоа тимот од стадионот – „Рамон Санчез Писхуан“ нема да ја искористи опцијата за откуп и ќе го врати на „Олд Трафорд“.