Возачот на Дукати, Хорхе Мартин, по вчерашниот триумф во спринт, победи и на денешната трката за Големата награда на Јапонија во Мото Гран При која беше реализирана со само 12 кругови или половина од планираното поради лошите временски услови.
Второто место му припадна на Франческо Бањаја од Дукати а третото на Марк Маркез од Репсол Хонда. Во Топ 10 влегоа и : Бецеки, Еспергаро, Милер, Аугусто Фернандез, Ди Џанантонио, Раул Фернандез и Квартараро.
Бањаја со 319 бодови води во генералниот пласман пред Мартин со 316 и Бецеки со 265. Наредната трка во Мото ГП шампионатот треба да се реализира во Индонезија.