Менаџерот на фудбалерите на Саутемптон, Расел Мартин, иако се соочи со три пораза на стартот на сезоната, вели дека не чувствува притисок.
„Не ми се допаѓа ситуацијата но, тоа не е проблем. Така беше и минатата сезона. Имавме период во почетокот кој беше навистина тежок” – вели Мартин.
„По три порази ќе има промени. Треба да почекате и да видите што ќе се случи“ – потенцираше Мартин пред викенд-мечот со Манчестер Јунајтед.