Хорхе Мартин имаше одличен викенд на Тајланд. Тој на патеката во Бурирам прво победи во спинтот а потоа и на главната трка од ГП шампионатот во мотоциклизам.
Франческо Бањаја го освои второто место додека Бред Биндер го пополни третото на подиумот. Марко Бецеки беше четврти а по него се наредија: Алеиш Еспаргаро, Фабио Квартараро, Марк Маркез, Лука Марини и Фабио ди Џанантонио.
Бањаја води во генералниот пласман пред Мартин. Наредната трка ќе биде возена за Големата награда на Малезија.