Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин, триумфираше на спринт трката која утрово се возеше како дел од Големата награда на Тајланд, 17-та трка од сезоната во Мото ГП шампионатот.
На патеката „Чанг“, Мартин ја забележа петтата последователна победа во спринт, а седмата сезонава. Втор беше Бред Биндер од КТМ Рејсинг, додека трет заврши возачот на ВР46, Лука Марини.