Поранешниот фудбалер за врска на германската репрезентација и на Баерн Минхен, Лотар Матеус, ги оцени шансите на Томас Тухел да ја заврши сезоната на кормилото на Баварците.
„На натпреварот против Лајпциг, тимот работеше барем во фази и по долго време видов состав што можам да го разберам“ – вели Матеус.
„По тој дуел, верувам дека Тухел веројатно ќе издржи до крајот на сезоната во однос на резултатот и ефикасноста“ – изјави Матаус цитиран од Скај Спорт Германија.