Легендарниот фудбалер на Баерн Минхен, Лотар Матеус, го советува раководството на Баварците да го ангажира напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер кој досега постигна 8. Голови во Бунделигата.
„Тимо ќе се вклопи совршено во Баерн Минхен. Ако челниците не се обидат да го ангажираат, тогаш не ја научиле домашната задача, Доколку тоа се случи, знам дека ќе биде рекорден трансфер за Бундеслигата Според мене, целиот износот ќе помине преку 100 милиони евра“ – искоментира Матеус пред телевизијата –„Скај“.
„Баерн се одликува со тоа што ги привлекува најдобрите германски фудбалери а Тимо Вернер е меѓу нив без никакво сомнение. Само мега понуда од друг европски клуб може да му попречи на Баерн да го земе” – додаде Матеус.