Матијас Де Лихт изненадувачки се врати во својата земја Холандија заедно со својата девојка Анеке Моленар. Дефанзивецот на Јувентус беше снимен од девојката како се одржува во форма со трчање на отворено.
Поранешниот играч на Ајакс беше во Италија од почетокот на кризата со коронавирусот. Меѓутоа, кога ќе се врати во земјата, ќе биде под карантин две недели. Одлуката е изненадувачка, бидејќи последните денови се очекуваше да биде објавен датумот на кој екипите во Серија А ќе продолжат со тренинзите. Тие ќе го сторат тоа индивидуално од 4 мај, но нема да влезат во тренинг центрите до 18 мај.
Јувентус во моментов има девет играчи од надвор од земјата. Кристијано Роналдо, Даглас Коста, Данило, Алекс Сандро, Гонзало Игуаин, Сами Кедира, Адриен Рабио и Војчих Шчесни Сите овие играчи се надвор од Италија и по нивното враќање ќе мора да одат на 14 дневен карантин.