Српскиот репрезентативец Немања Матиќ се пресели од Рен во Олимпик Лион. Како што објавија од клубот, договорот со 35-годишниот играч е до 30 јуни 2026 година. Трансферот на Матиќ е вреден 2,6 милиони евра.
Играчот од средниот ред се пресели во Рен на стартот на сезоната од Рома. Во тековната сезона во Лига 1, Матиќ одигра 13 натпревари и не постигна ниту еден гол, но доби 7 жолти картони.
Олимпик Лион е на 16. место во францускиот шампионат со 16 бодови од 19 натпревари. Рен е на деветтото место со 25 бодови.