Првите луѓе на фудбалскиот состав Милан планираат да ангажираат атрактивни имиња во текот на зимскиот трансфер период.
Покрај најавата дека Златан Ибрахимовиќ ќе дојде во редовите на „росонерите“, медиумите во Италија објавија дека на пат кон Милано може да заминат и Немања Матиќ и Лука Модриќ.
„Матиќ е желба на Милан бидејќи може да донесе физичка сила и динамика во средниот ред додека Модриќ е сон уште од летото и Бобан прави се за да го донесе во Милано“ – пишува „Газета дело Спорт“.