Маурисио Покетино повеќе не е тренер на Челзи, официјално потврдија од лондонскиот клуб. Аргентинскиот специјалист го напушта клубот со заедничка согласност.
52-годишниот стручњак беше на чело на лондончани нешто повеќе од една година, а Покетино се сретна со раководството на Челзи и тие дојдоа до заклучок дека треба да се разделат. Клубот и тренерот се договориле за раскин на договорот, а „сините“ ќе сакаат да привлечат тренер кој е млад и потенцијален, за да може и тој да ги развие младите играчи во тимот.
Под водство на Аргентинецот, Челзи заврши на шестото место во Премиер лигата и обезбеди учество во Конференциската лига. Сепак, тимот може да настапи во Лига Европа доколку Манчестер Сити победи во финалето на ФА Купот против Манчестер Јунајтед.