Весникот – „Марка“, објави, дека францускиот фудбалер, Килијан Мбапе, потпишал 5-годишен договор со Реал Мадрид.
Напаѓачот во текот на летото ќе го напушти Пари Сен-Жермен и како слободен играч ќе се пресели на Пиринеите. Договорот меѓу двете страни бил постигнат пред две недели.
Брзоногиот играч ќе биде најплатен фудбалер кај „кралевите“. Тој ќе добива од 15 до 20 милиони евра годишно без дополнителни бонуси.