Првата ѕвезда на ПСЖ, Килијан Мбапе, го информирал раководството на „светците“ дека ќе си замине на крајот на сезоната, наведе познатиот новинар, Фабрицио Романо на социјалните мрежи.
Брзоногиот напаѓач во 2015 го напушти Монако и како позајмен се пресели во францускиот состав. Две години подоцна потпиша перманентен договор со клубот. Мбапе има одиграно 143 средби за екипата од „Паркот на принцовите“ и постигнато 128 голови.
Се претпоставува дека репрезентативецот на „галските петли“ кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид.