Француската фудбалска ѕвезда, Килијан Мбапе, стана најмладиот играч во историјата кој постигнал четири голови на еден меч.
Тоа се случи на вчерашното дерби во Лига 1 кога неговиот ПСЖ го совлада Лион со убедливи 5 спрема 0. Голгетерот иако имаше блескава партија, вели дека не е задоволен бидејќи можел да постигне повеќе голови во мрежата на „лавовите“.
„Постигнав четири погодоци, но, претходно промашив неколку фантастични прилики. Можев да постигнам неколку погодоци повеќе“, изјави Французинот кој со само 19 години досега одигра 135 натпревари на кои постигнал 67 голови и запишал 37 асистенции.