Реал Мадрид е се поблиску до потписот на Килијан Мбапе. Кралскиот клуб постигна договор со францускиот напаѓач околу неговата плата, тврди трансфер експертот Фабрицио Романо.
Двете страни се во преговори од почетокот на годината, а 25-годишниот фудбалер влезе во последните шест месеци од договорот со ПСЖ.
Во извештајот се наведува дека платата на Мбапе на „Бернабеу“ ќе биде слична на онаа на другите две ѕвезди на тимот Винисиус Жуниор и Џуд Белингем.
Се очекува Килијан Мбапе да му се приклучи на Реал Мадрид како слободен играч на лето. Веќе стана јасно дека тој му најавил на ПСЖ дека нема да потпише нов договор со клубот. Фабрицио Романо неодамна напиша дека единствениот клуб со кој Французинот преговара се „Кралевите“.