Откако Мерцедес и Ферари ги тестираа новите гуми на Пирели за Ф1 на патеката Каталуња надвор од Барселона, Директорот за развој на Астон Мартин, Том Мекалу, вели дека италијанската компанија ќе може да ги постигне саканите цели.
„Ние целосно веруваме во Пирели и ја поддржуваме нивната програма. Мислам дека ги преземаат неопходните чекори и воведуваат нови работи само кога се сигурни дека функционираат“ – потенцира Мекалу.
Новите гуми на Пирели кои треба да се користат од наредната сезона, нема да се загреваат пред употреба.