Кошаркарот на Голден Стејт, ДеЕнтони Мелтон, кој се соочува со сериозна повреда, ќе мора да оди на операција, потврдиле последните лекарски прегледи. За тоа проговори и тренерот на „воините“, Стив Кер.
„ Тој е разочаран иако знае дека е тоа вистинска одлука. Не смее да се ризикува со делумно скинати лигаменти“ – објасни тренерот на Голден Стејт.
26-годишниот играч настапи на шест сезонски натпревари со просек од 10,3 поени, 3,3 скока и 2,8 асистенции.