Новиот тренер на Барселона, Роналд Куман не ги крие симпатиите кон Мемфис Депај од Лион. Според каталонските медиуми, реална е опцијата холандскиот напаѓач да го носи дресот на Барселона.
На „Камп Ноу“ бараат класична „деветка“ и покрај тоа што Мемфис Депај е повеќе крилен напаѓач, тој може да игра и како централен напаѓач.
Договорот на холандскиот репрезентативец со Лион е до 2021 година, со што се намалува неговата трансферна сума. Се очекува да биде околу 20 милиони евра. Лаутаро Мартинез е многу поскап и ќе надмине 100 милиони евра.