Дефанзивецот на Олимпик Лион Ферлан Менди ќе помине медицинските тестови во Париз пред трансферот во Реал Мадрид да биде официјално објавен, пишува весникот „Марка”.
Во моментов тој е со француската репрезентација, но договорот помеѓу двата клуба е факт и договорот се очекува да биде потврден во најскоро време. Реал Мадрид ќе плати за него солидни 55 милиони евра, откако првично предложија 50 милиони евра, но Олимпик Лион сакаше 60, па беше направен компромис и од двете страни.
Договорот на играчот ќе биде до летото 2025-та година, а на „Бернабеу” тој ќе се натпреварува со Марсело на левата одбрандбена позиција, но ќе даде и повеќе опции на тимот како целина. Се очекува тој да биде само еден од неколку нови фудбалери кои ќе дојдат во Мадрид во обид овој гигант да се врати на врвот по лошата сезона.