Наградата за најдобар фудбалер за 2023 година во изборот на ФИФА заврши во рацете на Лионел Меси (Интер Мајами).
Аргентинската ѕвезда во изборот ги победи Ерлинг Халанд (Манчестер Сити) и Килијан Мбапе (ПСЖ). Меси не беше во салата и немаше претставник а немаше снимено ниту видео обраќање.
Изборот е малку чуден ако се земе в предвид дека се бодуваат само постигнувањата од 19 декември 2022 до 20 август 2023 година што значи дека Светското првенство во Катар на кое Меси го подигна пехарот, немаше вредност во гласањето.