Лионел Меси го израмни рекордот за Кристијано Роналдо и Раул во Лигата на шампионите. Аргентинецот успеа да погоди во голот на Славија Прага за победата на Барселона од 2:1 и веќе успеа да постигне гол на 33 различни клубови во Лигата на шампионите.
Меси се изедначи со Кристијано Роналдо и Раул, кои исто така успеаа да постигнат гол против 33 екипи од ова натпреварување. Статистиката покажува дека Меси не успеал да им даде гол на само седум екипи со кои Каталонците играле во ЛШ, а тоа се Рубин Казан, Атлетико Мадрид, Бенфика, Удинезе, Борусија Дортмунд, Интер и Левски..
Меси има постигнато најмногу голови во Лигата на шампионите против Арсенал (9), по што следат Милан и Селтик (по 8 постигнати голови). Лео Меси постигна гол во Лигата на шампиони веќе 15-та последователна сезона.