Ракометарите на Металург денеска ќе го одиграат првиот меч од стартното квалификациско коло во Лигата на Европа против хрватската екипа Спачва Винковци.
Средбата е закажана за вечер од 19:00 часот во Автокоманда додека реваншот е во Хрватска е на 5 септември од 19:30 часот. Во истото натпреварување тимот на Бутел е пред елиминација откако вчера загуби од Ѓенѓеш со 34 спрема 21 по што денешниот реванш ќе биде само формалност. Мечот ќе започне во 18.00 часот.
Нашиот трет претставник во Лигата на Европа, Еурофарм Пелистер ќе стартува од групната фаза.