Шампионот на Италија, Милан го промовираше првото летно засилување, а се работи за Дивок Ориги кој дојде како слободен агент. Напаѓачот од Белгија го заврши договорот со Ливерпул, па се реши за нова авантура во Серија А.
Ориги парафираше договор за соработка со Милан до јуни 2026 година. Додека беше на „Енфилд“, Ориги најчесто беше џокер од клупата, а во многу наврати jа искористи минутажата која ја добиваше.
Во Ливерпул пристигна во 2014 година, запиша 175 настапи на кои даде 41 гол и впиша 18 асистенции. Покрај тоа, Ориги е и репрезентативец на Белгија, за која на 32 настапи има три гола.
Белгиецот пред неколку дена ги помина медицинските прегледи, а иако трансферот беше готов, промоцијата беше оддолжена. Ориги првпат ќе заигра во Италија, откако претходно настапуваше во Белгија за младиот тим на Генк, па за Лил, Ливерпул и Волфсбург.