Челзи ќе го продаде Цеск Фабрегас во Милан во јануари за сума од 10 милиони фунти. Веста ја лансираа повеќе медиуми, потврдувајќи дека двата тима водат преговори за трансферот на шпанскиот играч и “росонерите” се подготвени да ја платат потребната сума за него.
Лондончани немаат намера да го спречат овој трансфер, бидејќи и самиот фудбалер сака да премине во клуб кад еќе добие повеќе простор за игра.
Менаџерот на англискиот тим Маурицио Сари дал “зелено светло” за трансферот, само треба и двата клуба да си подадат рака.
Договорот на Фабрегас со Челзи истекува на крајот од сезоната, а клубот има добра можност да заработи од негова продажба.