Ако им се верува на шпекулациите во турските медиуми, Елиф Елмас нема долго да се задржи во Наполи. Имено како што шпекулираат медиумите, Бобан и Малдини, водечкиот двоец на Милан, имаат план да го донесат нашиот репрезентативец на „Сан Сиро“ во најскоро време.
Во план е прв напад веќе оваа зима, а ако тоа не се оствари, тогаш ќе почекаат до летото во обид со конкретна сума да го намамат Наполи да им го продаде нашиот интернационалец.
Од Милан се подготвени да му платат на Наполи цели 30 милиони евра, што е двојно повеќе од тоа што наполитанците го платија летово кога го купија од Фенербахче.