Бидејќи Анте Ребиќ ги помина лекарските прегледи пред неговиот трансфер во Милан, најверојатно клубот од Милано ќе го затвори овој трансфер период токму со овој трансфер.
Милан беше во потрага по уште едне напаѓач и тоа Тајсон од Шахтјор (Донецк). Италијанците понудија 20 милиони евра за Бразилецот, но неговиот клуб побарал 50% повеќе – 30 милиони евра, пренесува „Газета дело Спорт“. Росонерите проценија дека не вреди да се даде толку многу пари за играч кој ќе наполни 32 години следната зима.
Тајсон преговараше со Рома, каде сега работи неговиот поранешен тренер Пауло Фонсека. Сепак, се чини дека јужноамериканецот нема да пристигне во Италија и нема да игра во Серија А.