Напаѓачот на Баерн, Томас Милер, смета дека сега тимот од Минхен мора да ги насочи сите сили за освојување на Лигата на шампионите за сезоната 2023/2024.
„Лигата на шампионите треба да биде приоритетно натпреварување за нас. Сè уште сакаме да останеме во трката за титулата, но не изгледа дека Леверкузен може да падне на второто место. Сепак, уште многу бодови се во оптег. Ајде да видиме каде ќе завршиме“, изјави Томас Милер.
Да потсетиме, во реваншот од 1/8 финалето на Лигата на шампионите со Лацио, Баерн дојде до убедлива победа со резултат 3:0 и се пласираше во следната фаза од турнирот. На првиот натпревар, кој се одигра во Рим, избраниците на Томас Тухел загубија со 0:1. По 24 натпревари во Бундеслигата оваа сезона, Баерн Минхен е втор на табелата со 10 бода помалку од лидерот Баер Леверкузен.