Благоја Милевски се издвои како најуспешен селектор на нашата најдобра фудбалска репрезентација кога станува збор за врзана серија на победи и остварен пласман во Лигата на Нации.
Последната, рекордна победа, беше обезбедена против Фарските острови со што на доминантен начин го запоседнавме првото место во „Ц“ сегментот. Македонија во шест кола во групата „Д“ обезбеди 5 победи и едно реми и позитивна гол разлика 10-1. Милевски по денешната победа во Скопје против Фарски Острови со 1-0, изјави дека играчите заслужуваат подобри услови за игра.
„ Ја користам оваа прилика до кој и да е надлежен, дека фудбалерите треба да играат во најдобри услови. Состојбата со теренот не е нормална, намерно досега не кажав ништо, момците работеа трпеливо, и навистина мислам дека заслужуваат подобар терен“ – нагласи Милевски.