Селекторот, Благоја Милевски, откако ја оствари првичната цел со репрезентацијата и успеа да обезбеди место во баражот за собирот во Катар 2022, им се заблагодари на сите што беа дел од големиот успех.
„Тука мислам на мојот претходник и сите играчи кои сега не се во тимот. Честитки до фудбалерите, што и да се каже во моментов е малку. Го очекував ова. Не би се бавел со оваа работа ако не очекувам да бидеме успешни да имаме успешна соработка со момците“ – изјави Милевски.
„Искрено, не се сомневав дека ќе направиме се да се вратиме во мечот особено што од една случајна ситуација примивме гол. Се радувам, работевме на тој психолошки момент. Мислам дека момците имаат потенцијал да достигнат уште многу. Работевме да формираме тимска игра и мислам дека тој момент се виде.Играме како екипа и сите се ставени во функција на тоа“ – изјави нашиот селектор.