Црвена Ѕвезда одигра одличен натпревар против Милан, но на крајот прими гол по една сомнителна ситуација во шеснаесетникот на Гутеша и загуби со 2:1.
Тренерот на Црвена Ѕвезда, Владан Милојевиќ, по натпеварот во својата изјава го искажа она што му лежеше на срце и потенцираше дека неговите играчи незаслужено загубиле во Милано.
„Не знам што да кажам. Досега не зборував, спортист сум, поминав многу, но молчев и многу патев. Ова вечерва е нечуено, ова е голем срам за Лигата на шампионите. Од почетокот на ова натпреварување како да имаат некаков проблем со нас. Ова во Милано не е за коментар. Голот за победа на Милан е чист фаул.
Не знам што очекуваа, можеби дека Црвена Ѕвезда ќе прими четири-пет гола. Не не сакаат овде. Ние сме камче во нивниот чевел“, рече Милојевиќ.
Црвена Ѕвезда досега има освоено три бода од шест одиграни натпревари и со тоа има само теоретски шанси за пласман во следната фаза. Во последните две кола „црвено-белите“ ќе играат со Јанг Бојс и ПСВ Ајндховен.