Вардар го победи Монпелје, а голманот на нашата екипа, српскиот интернациионалец Дејан Милосављев веднаш се најде во центарот на вниманието и со признание за најдобар голман во првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите.
ЕХФ ги процени неговите одбрани како најдобри и ова деби на Милосављев на голот на Вардар во ЛШ го вреднуваше со тоа што го смести во идеалниот тим на колото. Во идеалниот тим, Рајн Некар Левен е единствената екипа која има двајца ракометари:
Идеален тим на првото коло на Лигата на шампионите:
Голман: Дејан Милосављев (Вардар)
Лево крило: Гудјон Валур Сигурдсон (Рајн Некар Левен)
Лев бек: Нико Ронебрг (Кокс)
Среден бек: Сандро Обрановиќ (Мешков Брест)
Десен бек: Алекс Душебаев (Киелце)
Десено крило: Алекс Гомез (Барселона)
Кружен напаѓач: Јаник Колбахер (Рајн Некар Левен)
Нека ова признание биде дополнителен мотив за Милосављев, а би сакале многу често неговото име да биде на овој список оваа сезона.