Бојан Миовски со голот во 62 минута и донесе минимална победа на нашата најдобра фудбалска репрезентација во последното коло во нашиот сегмент во Лигата на Нации. Македонија по триумфот против Фарски Острови, супериорно го освои првото место во групата.
„Наша цел од почетокот беше да го обезбедиме првото место и задоволен сум што го направивме тоа. Противникот дојде полн со самодоверба откако успеа да победи на претходниот меч. Покажа одлична игра во одбраната и беше тешко да го пробиеме“ – вели Миовски.
„На полувремето селекторот не советуваше да останеме мирни и ете дојде таа шанса ја искористив и на крајот победивме. Сите сме заслужни за тој рекорд, играме како тим и имаме одлична атмосфера. Се надевам така ќе продолжиме“ – потенцираше Миовски.