Италијанската Аталанта не планира да го продаде рускиот играч за врска, Алексеј Миранчук во зимскиот преоден рок.
Неговите добри настапи во последните натпревари го убедија клубот од Бергамо да одлучи да го задржи, пренесува – „TuttoMercatoWeb“. Според изворот, Миранчук е еден од претендентите да биде стартер во вториот дел од сезоната во Серија А.
Тој во понеделникот на мечот со Салернитана за прв пат се запиша во листата на стрелците во тековнава сезона.